Ömer Faruk Yıldız
14 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
КОЛОМБО (АА) - По терористичкиот напад што на 21 април беше изведен во Шри Ланка, поради зголемениот број антиисламски напади, во северозападниот дел на земјата прогласена е забрана за излегување на улица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го дадоа претставниците на полицијата, вчера во градот Путалам кој се наоѓа во Северозападната покраина, антимуслиманска група со нож убила еден 45-годишен муслиман, по што на целата територија на покраината на неопределено време е воведена забрана за излегување на улица. На претставниците на полицијата, на целата територија на покраината им е дадено право најостро да реагираат на какви било насилни протести базирани на религиска или етничка основа.
Од друга страна, хиндуистичката партија Национална алијанса „Тамил“, од минатата недела досега ги осудува сите напади врз муслиманите на територијата на целата земја.
Портпаролот на партијата, пратеникот Абрахам Сумантиран, изјави „Најостро ги осудуваме споменатите насилни протести и упатуваме апел до власта да преземе брзи и строги мерки против сторителите. Доколку граѓаните не добијат впечаток дека власта или безбедносните сили ги штитат, тогаш тие ќе бидат приморани да се заштитат на поинаков начин.“
Сумантиран упати повик до власта да преземе чекори за запирање на насилството.
- Зголемен бројот на напади кон муслимани -
По терористичките напади на 21 април во кои цел беа црквите и хотелите во Шри Ланка, минатата недела антиисламистички групи во градот Чилав ги нападнаа дуќаните на муслиманите и демолираа џамии.
По насилните протести, во целата земја беа забранети социјалните мрежи, а во Северозападната покраина повторно беше воведена забраната за излегување на улица. Вчера во градот Путалам, од антиисламистички групи со нож беше нападнат еден 45-годишен муслиман, кој во болницата во која беше пренесен им подлегна на повредите.
- Терористичките напади во Шри Ланка -
На 21 април, денот кога христијаните во Шри Ланка го чествуваа католичкиот Велигден, цел на терористичките напади беа црквите „Свети Антониј“ во Кочикаде, „Свети Себастијан“ во Катана и црквата „Девица Марија“ во Батикалоа, како и хотелите со пет ѕвезди „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри ла“ во градот Коломбо.
По овие напади, во предградијата на главниот град Коломбо, во хотел со три ѕвезди во близина на Зоолошката градина во Дехивала и на надвозникот Дематого, исто така, имаше експлозии. Властите во Шри Ланка соопштија дека при терористичките напади животот го загубиле 253 лица.