Zeynep Özbay
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
КОЛОМБО (АА) - Во централниот дел на Шри Ланка поради поројните дождови, од настанатите поплави и свлечишта животот го загубија 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпаролот на војската, Џајанат Џајавера, соопшти дека во две села од областа Кегале, која се наоѓа на 72 километри од главниот град Коломбо, животот го загубиле 16 лица како последица од лишгање на земјиштето.
Во селата Аранајак и Булаткопитија сѐ уште голем број лица се наоѓаат под свлечиштата а поради тоа во регионот се испратени над 300 војници, кои ќе помогнат во акцијата за спасување на настраданите изјави Џајавера, додавајќи дека досега од се извлечени 150 повредени лица.
Како последица од поплавите, во останатите населени места од регионот починаа 11 лица.