Dildar Baykan
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за финансии на Бангладеш, Ама Мухит, упати барање до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за во земјата да се формира „безбедна зона“ за муслиманите од Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што за медиумите го даде постојаниот преставник на ОН во Бангладеш, се наведува дека Мухит и Гутереш имале средба во центарот на ОН во Њујорк.
На средбата, Мухит упатил барање да се формира безбедносна зона за муслиманите од Аракан, кои бегајќи од прогонот на војската на Мјанмар и од будистичките фанатици, засолниште наоѓаат во Бангладеш, и побарал колку што е можно поскоро да се преземат чекори за надминување на човечката криза во Аракан.
Гутереш истакна дека во врска со состојбата на муслиманите од Аракан, Обединетите нации ќе соработуваат со Бангладеш на највисоко ниво, и додаде дека ОН го прави она што е во нивна моќ за решавање на проблемот.
Војската на Мјанмар, под изговор дека водат борба против вооружени милитанти, од 25 август спроведуваат напади врз цивилите. Во овие напади, животот го загубија илјадници лица, но бидејќи не се дозволува ниту влез ниту излез од подрачјето, не може со точност да се процени бројот на убиените цивили.
Во последниот бран напади, војската и будистичките фанатици запалија и уништија повеќе од 200 села.
Од 1970 година наваму, во Мјанмар се спроведува систематско етничко чистење на 2-милионската популација на араканските муслимани, од кои 84 отсто се засолнија во соседните земји.