Esat Fırat
18 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) – Повторно се отворени влезовите во Ал-Акса, во Источен Ерусалим (Кудс), кој беше затворен од припадниците на израелската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на комплексот Ал-Акса, Омар ал Кисвани, потврди дека сите влезови се повторно отворени, откако биле затворени неколку часа.
Кисвани рече дека израелските полицајци примениле сила над муслиманите и вработените на комплексот и привеле неколку Палестинци, меѓу кои се и службеници на Управата за вакуфи на Ерусалим.
Потсети дека до овие случувања дошло откако Палестинците ги симнале ланците на еден од влезовите, кои вчера ги поставила израелската полиција.
„Потоа израелската полиција ги затворила сите влезови во Ал-Акса и почнала да ги брка Палестинците од дворот“, појасни Ал Кисвани.
Кисвани го осуди затворањето на влезовите.
Од друга страна, израелската полиција соопшти дека се приведени пет лица кои се обиделе да влезат во подрачјето на Ридот на храмот, кое е затворено со одлука од судот.
Дополнителни детали не се објавени.