Meryem Göktaş
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
НИНИВА (АА) - Од јули досега, повеќе од 2.000 тела се ископани во подрајето на западниот дел на Мосул, откако градот беше расчистен од терористичката организација ДЕАШ во јуни, изјави ирачко официјално лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за АА, претсавник на цивилната одбрана на ирачкото министерство за внатрешни работи, Саад Хамид, изјави дека повеќе од 2.100 цивили биле пронајдени под урнатините во градот.
Хамид изјави дека за време на нивната работа, тимот се соочил со проблеми на недостаток на опрема за спасување како и со безбедносни проблеми, истакнувајќи дека членови на ДЕАШ пукале од скривалишта, бункери, тунели и подруми.
Хамид изјави дека сѐ уште има околу 400 до 500 тела кои треба да се извлечат од урнатините при што ископувањето би можело да трае до два месеци.
По деветмесечна борба, ирачката армија во јуни го ослободи северниот дел на Мосул (регионален главен град на Нинива) од рацете на терористичката организација ДЕАШ.
Во август по еднонеделна воена операција, ДЕАШ беше протеран од подрачјето на Нинива, Тал Афар.