Yunus Kaymaz
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во последниот гренд слем тениски турнир УС опен ќе играат шпанецот Рафаел Надал и тенисерот од Јужно Африканската Република, Кевин Андерсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Во полуфиналниот натпревар во поединечна машка конкуренција на тенсикиот турнир во Њујорк се сретнаа првиот носител, шпанецот Надал и 24. носител, аргенцинецот Хуан Мартин дел Порто.
По победите над Надал и Федерер во 2009 година на УС опен, дел Порто успеа да ја освои својата единствена гренд слем титула во кариерата. По победата над Федерер во четвртфиналето, дел Порто во полуфиналето загуби од Надал со резултат 3:1 (4:6, 6:0, 6:3, 6:2). Со оваа победа Надал се пласираше во финалето на УС опен.
За Надал оваа е трето големо финале годинава по оние кои ги одигра на Австралија опен и Ролан Гарос во Франција.
Во второто полуфинале играа двајца тенисери кои за првпат во својата кариера успеаја да се пласираат во едно полуфинале на тениски гренд слем турнир. 28 носител Кевин Андерсон беше подобар од 12 носител, шпанецот Пабло Карењо Буста, совладувајќи го со резултат 3:1 (4:6, 7:5, 6:3, 6:4).
Надал кој во недела ќе се обиде да ја освои својата 3. титула на УС опен и вкупно 16 гренд слем титула во својата кариера, во изминатите 7 години 4 пати се сретна со Андерсон. Во досегашните средби Надал против Андерсон извојува победа во сите меѓусебни дуели, дозволувајќи му на противникот да му одземе само еден сет.