Fatma Esma Arslan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Кампањата на клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ на социјалните мрежи е продолжена со објавување на нови содржини за кои е утврдено дека немаат поврзаност со покренатата операција Турските вооружени сили (ТСК) во Африн, на северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи се појави фотографија на која можат да се видат поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК од собирите во Германија, а во таа прилика носат транспарент со лик на дете. Фотографијата е објавена на социјалните мрежи насловена како „Запрете го геноцидот во Африн“. Но, за фотографијата на детето која се наоѓаше на транспарентот, утврдено е дека е направена на 5 мај во 2016 година во Алепо.

Исто така, на профилите на социјалните мрежи се појави и фотографијата на дете од Газа пуштена како дете жртва на нападот во Африн. Поддржувачите на ПЈД/ПКК за време на протестите во германскиот град Келн, на 27 јануари, носеа транспрент со фотографија на дете со солзи, со наслов „Спречете ги турските напади на Африн“.
Утврдено е дека таа фотографија е забележана на 7 август 2014 година во Газа.
На социјалните мрежи претходно се појави фотографиај под наслов „ЈПГ ги собори турските авиони во Африн“, но утврдено е дека на фотографијата е акробациски авион кој паднал на 16 март 2015 година во Малезија.
Исто така за фотографијата која е објавена под наслов „Напад со тенк на турските сили“, утврдено е дека се работи за запален тенк во Либија, чија фотографија е забележена на 29 март 2011 година.
Терористичката организација ПЈД/ПКК во својата кампања на клеветење на операцијата Маслинова гранка, ја злоупотреби и фотографијата која во 2016 година наградена во рамките на натпреварот на AA Istanbul Photo Awards објавувајќи дека е направена во Африн.