Zehra Ulucak
11 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 21.000 лица се евакуирани поради пожарот кој зафати делови од американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската „Би-би-си“ објави дека пожарот кој е активен во регионот на Оринџ Каунтри и Лејк Елсинор, почнал да им се заканува на станбените објекти. Поради оваа закана, наредена е евакуација на најмалку 21.000 жители од овој регион.
Пожарот пеплоса шума на површина од 77 квадратни километри северно од градот Сан Диего. Осомничениот за предизвикување на пожарот, Форест Кларк, е приведен и изведен пред Суд.
Официјалните претставници информираат дека приведениот Кларк намерно го предизвикал пожарот, сакајќи да се пресмета со соседите со кои подолг период имал недорабирања.
Станува збор за еден од 18-те пожари колку што се активни во моментов на подрачјето на Калифорнија. Во гасењето на овој пожар вклучени се повеќе од 600 пожарникари, а според последните информации, под контрола се ставени 10 проценти од пожарот.