Ekipa
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ГАУХАТИ (АА) - Бројот на жртви од монсунските дождови кои ја погодија Индија достигна 90, а над 700.000 жители се сместени во владините прифатни центри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Континуираните обилни врнежи зафатија големи површини што доведе до оштетување на телефонските линии, најмногу во источната индиска држава Бихар, во Асам во североисточниот и Химачал Прадеш во северниот дел на земјата.
Инаку, Индија ја зафатија обилни монсуни по две години суша.