Nour Mahd Ali Abu Aisha,Mahmut Geldi
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ГАЗА (АА) – Агенцијата за помош на Палестинските бегалци при Обединетите Нации (UNRWA) објави дека ќе изврши распределба на четири милиони долари во Појасот Газа наменети за реставрација на до темел срушените куќи за време на израелските напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на UNRWA, Аднан Ебу Хасене, во изјавата дадена за АА, соопшти дека 330 семејства ќе бидат финансиски потпомогнати од Агенцијата за реизградба на своите живеалишта, кои беа до темел срушени за време на израелските напади врз Газа, во јули 2014.
Споменатата финансиска помош ќе биде во вкупен износ од четири милиони долари и истата ќе започне да се доделува на семејствата за два дена, изјави Ебу Хасене.
Агенцијата во текот на минатиот месец извршила реконструкција на илјада и 300 домови како дел од предвидената реизградба на Газа, откако Појасот беше речиси срамнет со земја од страна на Израел.
За време на израелските напади врз Појасот Газа, кои беа отпочнати минатата година и траеја 51 ден, животот го загубија 2.157 лица, од кои повеќето беа жени и деца а над 11.000 лица беа повредени. Во нападите, до темел беа срушени 17.200 куќи, 73 џамии и 24 училишта, а илјадници згради претрпеа големи штети.
Според статистичките податоци на Обединетите Нации (ОН) речиси 500.000 луѓе беа приморани да се засолнат во училиштата.