Furkan Naci Top
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Премиерот на Грција, Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на заедничка прес-конференција во Атина изјавија дека и двајцата ја поддржуваат Велика Британија да остане во Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
„И двајцата го даваме својот глас Велика Британија да остане членка на Европската Унија".
Ципрас по средбата со Јункер одржа заедничка прес-конференција на која стана збор и за референдумот во Велика Британија кој ќе се одржи на 23-ти јуни.
Ципрас истакна дека Европа се соочува со сериозна криза.
„И двајцата го даваме својот глас Велика Британија да остане членка на Европската Унија. Но ние не сме тие кои ќе ја донесеме таа одлука. Ситуацијата во Европа е загрижувачка. Потребно е Европската визија и нејзината иднина повторно да се разгледаат", рече Ципрас.
Жан Клод Јункер потсети на „глупавата" поддршка со која Грција требаше да биде исклучена од Еврозоната, бранејќи го ставот дека Европа и Еврозоната ќе бидат нецелосни без Грција.
Јункер истакна дека Грција и кредиторите минатата година се договориле и процесот на ревизија е завршен.
„Првпат доаѓам во Грција, а да не стане збор за договорите меѓу Грција и кредиторите. Бидејќи сè е договорено во целост", изјави Јункер.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Грција е на вистинскиот пат и додаде „Резултатите се позитивни. Потребно е грчката Влада, Собранието и грчкиот народ да ја спроведат оваа програма."