Servet Günerigök
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, истакна дека еврејските населени места во окупираниот Западен Брег веќе не ги третираат како илегални, јавува Агенција Андолија Anadolu Agency (AA).
Помпео одржа прес-конференција на која рече дека како администрација на Доналд Трамп, ја промениле политиката од периодот на Барак Обама кон еврејските населени места на Западниот Брег.
Тој истакна дека долгогодишниот пристап на САД кон настаните на Западниот Брег, не е корисен за постигнување на мирот.
Според него, администрацијата на 39. претседател на САД, Џими Картер, во 1978 година нагласила дека израелските напори за цивилните населени места не се во согласност со меѓународното право, но, како што рече тој, администрацијата на 40. американски претседател, Роналд Реган, се спротивставувала на тој став.
„Администрацијата на Реган истакна дека не верува оти овие населени места се илегални и дека израелските напори за цивилните населени места се во согласност со меѓународното право. После внимателно испитување на сите страни на дискусијата, како администрација на Трамп соопштувам дека ние сме со исто мислење со претседателот Реган, и САД веќе не сметаат дека населените места на Западниот Брег се во спротивност со меѓународното право“, додаде Помпео.