İslam Doğru
19 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
ЊУЈОРК (AA) - Најмалку три лица загинаа во вооружен напад врз продавница во сојузната американска држава Оклахома, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во раните утрински часови дојде до вооружен напад врз продавница на компанијата Валмарт во градот Данкан, на југозападот Оклахома, јавија локалните медиуми.
Функционерите на полицијата во Данкан потврдија дека во нападот загинаа најмалку три лица, а наведено е дека има и повредени.
Полицијата во регионот презеде високи безбедносни мерки, посебно во училиштата. Од локалното население е побарано да и јават на полицијата во случај да видат „лице облечено во црно".
Уште нема информации дали станува збор за терористички напад.
Волмарт е американска малопродажна корпорација која поседува ланец хипермаркети, стоковни куќи и продавници ширум светот.
Кон почетокот на август оваа година е изведен вооружен напад на продавницата на Волмарт во градот Ел Пас, во Тексас, а тогаш загинаа 22 лица.