Selen Temizer,Ömer Tuğrul Çam
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
БРИСЕЛ
Бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите што ја зафатија Белгија се искачи на 22, известува Агенција Анадолија (АА).
Додека продолжува да се влошува билансот на состојбата поради поплавите предизвикани од поројните дождови што започнаа на 14 јули, бројот на починати се искачи на 22.
За непрекината работа на спасувачките екипи, испратени се воени хеликоптери во провинцијата Лимбург, каде што одредени места и села се испразнети.
Поради лошата состојба, не може да се обезбеди превоз во повеќе подрачја погодени од поплавите, а најмалку 21.000 луѓе останаа без електрична енергија низ целата земја.
Повеќе мостови, особено во градот Вавр, се во опасност од уривање.
Во провинциите Лиеж, Намур и Луксембург издадено е предупредување дека „водата за пиење не може да се користи“.
Во исто време е соопштено дека железничкиот сообраќај нема да може да се одвива во потполност неколку недели.
Врнежите од дожд особено ги погодија источните региони од земјата, Лиеж, Вервие, Спа, Намур и Лимбург.