Emel Öz Gözellik
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АНКАРА
Интензивните врнежи од дожд во западните и јужните делови на Индија предизвикаа поплави во кои досега загинаа 33 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во националните медиуми, претставниците на власта информирале дека во индиската држава Махараштра животот го загубиле уште 9 лица, со што бројот на загинати на ова подрачје се искачи на 25. Во државата Карнатака животот го загубиле 8 лица.
Приближно 180.000 лица се евакуирани од подрачјата погодени од поплавите.
Власта соопшти дека се спроведуваат операции за пронаоѓање на најмалку тројца исчезнати, а поради излевањата на реките, некои патишта се затворени за сообраќај.
Од друга страна, во градовите погодени од поплавите, од понеделникот е запрена наставата во училиштата.