Adem Şalvarcıoğlu
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ЏАКАРТА (АА) - На северот од Индонезија во покраината Сулавеси, обилните врнези од дожд предизвикаа поплава во која животот го загубија четири лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои излегоа во локалните весници, портпаролот на Националната агенција за реакција при елементарни непогоди (BNPB), Пурво Нугрохо, соопшти дека во поплавите животот го загубиле четири лица, околу 40-тина куќи се оштетени, а над 200 лица се префрлени во шатори во побезбедни региони.
Тој истакна дека спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата во регионот, а на настраданите од поплавата им е поделена храна и здравствена помош.
Минатата недела во централниот дел на островот Јава во Индонезија, во лизгање на земјиштето животот го загубија 47 лица, а 14 беа повредени.
Националниот индонезиски центар за климатологија, метеорологија и геофизика предупреди дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат.