Amina Zorniç
04 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во поплавите кои ги погодија северните делови на Пакистан и Индија, загинаа 60 лица, додека локалните власти стравуваат дека овој број ќе се зголеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на пакистанската провинциска Kанцеларија за управување со катастрофи, Латиф Ур Реман рече дека само во пакистанската област Читрал, во близина на границата со Авганистан, загинале 41 лице, а 23 се водат за исчезнати.
Причина за поплавувањето и излевањето на реките од коритата се монсунските дождови кои според метеоролозите се очекуваат и во наредните денови, пренесува Си-Ен-Ен.
Рехман додава дека поројниот дожд го погоди и местото Урсо во Пакистан, каде што загинаа 16 лица кога поплавите зафатија една џамија во краток временски период. Трагедијата, според Реман, се случила во време кога локалните сунитски муслимани ја извршувале ноќната молитва во Рамазан.
Пакистанската војска ги ангажирала расположливите хеликоптери со кои се префрла населението во прифатните центри и им обезбедува храна и медицинска помош.
Ништо подобра не е ситуацијата ни во соседна Индија каде што загинаа 28 лица, а 18 се водат за исчезнати.