Haydar Hadi
04 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Во нападот којшто се случи ноќта меѓу саботата и неделата во Багдад, главниот град на Ирак, досега животот го загубиле 204 лица, соопшти министерството за здравство на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во бомбашкиот напад повредени се над стотина лица.
Во силната експлозија уништени се неколку згради, а спасувачките екипи и понатаму ги пребаруваат урнатините.
Кратко време по експлозијата во Карада, одекна уште една експлозија во источниот дел на Багдад во која загинаа најмалку пет, а беа повредени 16 лица.
Одговорноста за нападот во населбата Карада ја презеде терористичката организација ДАЕШ, а во земјата е прогласена тридневна жалост.