Bilal Güler
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
КАБУЛ (АА) - Бројот на лица кои ги загубија животите во поплавите што изминатиот викенд зафатија 10 провинции во Авганистан се зголеми на 23, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мевлеви Мухамед Несим Хакани, портпарол на Министерство за управување со катастрофи на привремената авганистанска влада на талибанците, истакна дека е зголемен бројот на загинати во поплавите, кои воглавно ги зафатија провинциите во источниот дел на земјата.
Тој соопшти дека 23 лица загинаа, а повеќе од 20 лица се повредени од поплавите предизвикани од поројните дождови.
Поплави зафатија 10 авганистански провинции, меѓу кои се провинциите Мејдан, Вардак, Пактика, Нангерхар, Нуристан, Перван, Пенчшир и Пактија.
Во поплавите се уништени повеќе од 2.500 куќи, а околу 2.000 животни угинале.
Екипи за прва помош се испратени во поплавените региони, а доставена е и хуманитарна помош.
Покрај тоа, поради поплавите за транспорт се затворени некои меѓуградски патишта. Екипите работат на расчистување на патиштата.
Според податоците на министерството, во поплавите што се случија во 20 провинции во последниот месец, животите ги загубиле повеќе од 90 луѓе, а околу 120 се повредени.