Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Харолд Борнстејн, поранешниот лекар на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Трамп му издиктирал што да напише во извештајот за неговите лекарски наоди, објавени во 2015 година за време на предизборната кампања, пренесува Anadolu Agency (AA).
Борнстејн во изјава за телевизиската куќа CNN (Си-ен-ен) говореше за извештајот за лекарските наоди на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој е објавен во 2015 година, во периодот додека беше кандидат за американски претседател.
„Комплетното писмо го издиктира тој (Трамп). Јас тоа не го напишав“, изјави Борнстејн.
Во тогаш објавениот извештај, лекарот наведува дека кандидатот на американските претседателски избори, Доналд Трамп, има „одлично здравје“, дека неговата издржливот и физичка сила се „одлични“.
Лекарот, меѓу останатото, наведе дека Трамп бил „најздравиот американски претседател во историјата на земјата“. Нагласено е исто така дека резултатите од тестовите на Трамп и крвниот притиок биле „изненадувачки совршени“.
Белата куќа сè уште не се произнесе во врска со наводите на лекарот Борнстејн.