Ekipa
22 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АТЛАНТА
Поранешниот претседател Џими Картер е хоспитализиран откако паднал во неговиот дом во Плејнс, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Центарот „Картер“ е соопштено дека 95-годишниот поранешен американски претседател се здобил со повреди во пределот на карлицата, но дека е во добра состојба.
Ова е трет ваков случај на Картер во текот на изминатите месеци.
Картер е најстариот жив поранешен претседател во американската историја. Тој и 92-годишната Росалин неодамна станаа најдолгата брачна прва двојка, надминувајќи ги Џорџ и Барбара Буш, со повеќе од 73 години брак.