Dildar Baykan Atalay
15 Октомври 2021•Ажурирај: 16 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се лекува во болница поради инфекција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лекарите на Клинтон, Алпеш Амин и Лиза Бардак, во писменo соопштение истакнаа дека Клинтон е примен во болница во Калифорнија во вторникот, на 12 октомври.
Посочувајќи дека Клинтон е задржан во болница за лекување со антибиотици, во соопштението се вели: „По два дена лекување, вредностите на крвта на Клинтон се подобрија, добро одговори на антибиотиците.“
„Се надеваме дека Клинтон наскоро ќе се врати дома“, се вели во соопштението, и се додава дека болничките тимови во Калифорнија се во близок контакт со медицинскиот тим на Клинтон во Њујорк.
Од друга страна, некои извори кои зборуваа за американските медиуми, забележаа дека Клинтон е хоспитализиран поради сепса и поради тоа, превентивно се наоѓа на интензивна нега.
Клинтон беше 42. претседател на Соединетите Американски Држави, во периодот од 1993 до 2001 година. Пред да биде избран за претседател на САД, Клинтон беше гувернер на Арканзас 12 години.