Amir Latif Arain
06 Август 2023•Ажурирај: 06 Август 2023
Постојаниот дожд што го донесе тајфунот Доксури однесе уште шест животи во североисточна Кина, со што бројот на загинати се искачи на најмалку 36 за помалку од две недели, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Најновите жртви беа пријавени во саботата вечерта, а четворица се водат како исчезнати по обилните дождови што го зафатија градот Шулан во провинцијата Џилин, објави „Синхуа њуз“ со седиште во Пекинг.
Од саботата напладне, од девет резервоари, кај кои беше надмината границата и можеше да го поплават градот, се спроведе соодветно испуштање.
Над 18.000 луѓе се евакуирани, а подготвени се 21 објект за привремено сместување.
Од вторникот вечерта Шулан е погоден од постојано врнежливо време.
Доксури, супертајфун што го погоди континенталниот дел на Кина кон крајот на минатиот месец, ги донесе најсилните дождови во регионот од почетокот на евиденцијата пред 140 години.
Ова е петти тајфун што ја погоди Кина оваа година и десетици илјади луѓе се преместени на побезбедни места. Пекинг и неговите околни региони, вклучително и провинциите Тијанџин и Хебеј, беа најмногу погодени од тајфунот.