Nour Mahd Ali Abu Aisha,Gülşen Topçu
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ГАЗА (АА) - Движењето „Исламски џихад“ соопшти дека со посредство на Египет е постигнато примирје со Израел, јавува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролот на „Исламски џихад“, Мусаб ел Бурејм, во изјава за АА истакна дека со посредство на Египет постигнато е примирје со Израел во Газа, и дека примирјето ќе стапи во сила почнувајќи од 05:00 часот по локално време.
Бурејм информираше дека примирјето е постигнато во согласност со условите кои претходно ги побара „Исламски џихад“.
Инаку, генералниот секретар на движењето „Исламски џихад“, Зијад ен Нахале, претходно истакна дека за постигнување примирје ги побарале следните услови: „да се запрат атентатите, да не се таргетираат учесниците на демонстрациите од „Маршот на големото враќање“ кој се одржува на границата на Газа, и спроведување на договорот со Израел постигнат со посредство на Египет, Катар и Обединетите нации (ОН) во 2018 година за прекинување на блокадата во Газа“.