Ekipa
23 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ГАЗА (АА) - Почина Палестинецот кого израелските војници го ранија во Големиот марш за враќање, кој на 30 март започна на границата со Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство во Палестина, Ашраф ал Кудра, соопшти дека починало 18-годишното момче Саид Мухамед Вехбе, рането на почетокот од одбележувањето на Големиот марш за враќање.
Вклучувајќи го и Вехбе, во мировните демонстрации од 30 март досега израелските војници усмртија 41 Палестинец. Повеќе од 3.500 лица се ранети.
Палестинците планираат мировните демонстрации наречени „Голем марш за враќање“ да ги одржуваат до средината на мај.
Илјадници Палестинци на границата на Газа веќе неколку недели мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата, во знак на сеќавање на 30 март 1976 година, кога Израел одзеде илјадници хектари палестинска земја.
Денот на земјата во Палестина се одбележува од 1976 година и на некој начин, претставува симбол на отпорот на Палестинците со цел враќање во палестинската земја, а воедно укажува и на одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во татковината.