Atila Altuntaş
10 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
СТОКХОЛМ (АА) - Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, соопшти дека дал оставка од премиерската функција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лофвен оставката ја достави до претседателот на Парламентот на Шведска, Андреас Норлен.
Тој на 5 ноември се повлече и од функцијата претседател на Социјалдемократската партија.
Лофвен како мандатар за формирање на новата влада ја предложи министерката за економија и финансии, Магдалена Андерсон.
На Конгресот одржан во Гетеборг, за нов лидер на Социјалдемократската партија беше изгласана Андерсон.
Се очекува новата коалициска влада која се состои од Социјалдемократската партија и Партијата на зелените, оваа недела да се изгласа во Парламентот.
Централната партија соопшти дека ќе ја поддржи Андерсон.
Во случај да биде избрана, Андерсон ќе стане прва жена премиер во историјата на земјата.