Cüneyt Karadağ
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
БЕРЛИН
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, настаните што се случија кога приврзаниците на претседателот Доналд Трамп влегоа во зградата на Конгресот во Вашингтон, главниот град на САД, ги опиша како „напад врз либералната демократија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите во Берлин, Штајнмаер реагираше на влегувањето во зградата на американскиот Конгрес.
Изјавувајќи дека тие снимки се резултат на лагите, поделбата, презирот, омразата и провокациите, Штајнмаер рече: „Ова е историска пресвртница за САД, и воопшто, напад врз либералната демократија.“
Штајнмаер наведе дека трансферот на власта како резултат на слободните избори е еден од камен-темелникот на демократијата, при што нагласи дека нападот врз Конгресот е резултат на провокацијата од актуелниот претседател кој го занемари овој камен-темелник.
- „Факелот на демократија повторно ќе блесне“
Посочувајќи дека снимките што доаѓаат од САД го потресле, Штајнмаер рече дека го виделе тоа дека дури и најстарата и најсилна демократија во светот е ранлива.
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер истакна дека сакаат да работат со избраниот претседател на САД, Џо Бајден, како и со сите чесни демократи, при што рече: „Факелот на демократија повторно ќе блесне. Тоа нема да се случи самостојно.“
Нагласувајќи дека омразата и провокациите претставуваат опасност за демократијата, Штајнмаер додаде: „Лагите и насилството можат да ја загрозат демократијата.“