Ekipa
04 Декември 2018•Ажурирај: 05 Декември 2018
МАНАМА (АА) - Американскиот заменик-шеф на поморските операции, адмиралот Вилијам Френсиз Моран, денес во Манама одржа разговори со бахреинскиот принц Селман бин Хамад ал Калифа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денешната посета е прва посета на американски официјален воен претставник по смртта на командантот на Петата флота на САД, вице-адмиралот Скот Стерни, кој беше пронајден мртов во неговиот дом во Манама минатата недела.
„Американскиот воен официјален претставник Моран и бахреинскиот принц Селман разговараа за соработката од секаков вид и подобрувањето на поморската безбедност“, објави бахреинската новинска агенција.
Се истакнува дека за време на состанокот, бахреинскиот принц ги нагласил долготрајните и цврсти односи меѓу Бахреин и САД во неколку полиња.
Моран вчера се состана со командантот на Крајбрежната стража на Бахреин, бригадирот Ала Абдула Сијади, и го посети Центарот за поморски операции во кралството.
Бахреин е домаќин на Петтата флота на САД, која е надлежна за подрачјето на Персискиот, Оманскиот Залив, Арапското Море, Аденскиот Залив, Црвеното Море и делови од Индискиот Океан. Флотата на САД e сместена во Ал Џуфаир, во источен Бахреин.