Elena Teslova
23 Март 2024•Ажурирај: 24 Март 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот истражен комитет денес објави дека четворицата извршители на нападот во концертната сала во Московската област што се случи синоќа се приведени во пограничниот регион Брјанск додека бегале во Украина, известува Анадолу.
И руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека дознала дека групата напаѓачи од украинската страна на границата ја чекал помагач кој требало да им го олесни преминот и да им обезбеди засолниште.
„Во обид да избегаат, терористите се движеа кон руско-украинската граница, планирајќи да ја преминат границата. Групата имаше контакт со украинската страна“, се вели во соопштението.
Претходно руските власти објавија дека главниот автопат кој води кон Украина е затворен, а будно се следат и други важни патишта.
Вооружени напаѓачи убија најмалку 137 луѓе и раниле повеќе од 152 во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва, соопшти во саботата рускиот Истражен комитет.