Zehra Nur Düz
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Опозициската продемократска група во Хонгконг освои мнозинство гласови во најмалку 12 од 18 окружни совети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Првичните резултати покажуваат дека до 7 часот изутрина, по локално време, пропекиншките кандидати освоиле 42 места, додека продемократските кандидати освоиле 278, пишува во утринскиот веник „Саут Чајна“ (The South China).
Вкупно 1.104 кандидати се натпреваруваа за 452 места во Oпштинскиот совет во 18 изборни единици.
Жителите на Хонгконг покажаа голем интерес во локалните избори за избор на окружни советници, при што демонстрантите ги видоа изборите како голема можност за промена на политичката клима во автономниот регион.
Претседателот на Изборната комисија, Барнабус Фунг, на прес-конференцијата изјави дека повеќе од 2,94 милиони регистрирани гласачи гласале на изборите во вчерашните избори во Окружниот совет. Вкупната стапка на излезност изнесуваше 71 отсто од 4,1 милион регистрирани гласачи.
На изборите учествуваа вкупно 1.104 кандидати за окружни советници.
Локалните избори се одржуваат на секои четири години.
Доколку бидат избрани, кандидатите ќе бидат дел од Комитетот со 1.200 члена. Комитетот има право да избере пратеници, членови на Кабинетот и лидер на Владата, надвор од кандидатскиот список, обезбеден од Пекинг.
Во окружните совети се достапни вкупно 479 места, од кои за 452 директно се избираат претставници, додека за 27 места се резервирани за претставници од руралните подрачја.