Şerife Çetin
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека во Шпанија се одвива независен судски процес против поранешните министри на Каталонија, избегнувајќи да даде коментар за развојот на настаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Европската комисија, Аника Бреидхарт, на дневниот брифинг во врска со прашањата за каталонските политичари одговори: „Неизмерно го почитуваме уставниот поредок на Шпанија. Тоа е нашиот став и немаме што да додадеме“.
На прашањата во врска со одлуката за приведување на Пучдемон, поранешниот претседател на каталонската автономна покраина, и четворица поранешни министри, Бреидхарт одговори: „Тоа се прашања коишто во потполност се поврзани со одговорните од судството. Ние ја почитуваме независноста на судството“.
Еден новинар посочи дека ЕУ не се колеба да ги коментира приведувањата во Венецуела и во Турција, и оти особено одблиску ги следи случувањата во Турција и ги коментира како „загрижувачки“. Тој запраша зошто сега во случајот со Каталонија ЕУ молчи, на што портпаролката Бреидхарт одговори: „Немам што да додадам“.
Вниманието го привлекува фактот што од настанувањето на кризата во Шпанија поврзана со прогласувањето на независноста на Каталонија, ЕУ продолжува со својата поддршка кон Шпанија и не дава никаков коментар на таа тема.
Европската комисија претходно често даваше соопштенија во печатот поврзани со приведувањата во Турција, кои се дел од борбата на таа земја против терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК и ДХКП-Џ, предизвикувајќи критики.