Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako
27 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) - Умерените опозициски групи кои го повратија окружниот центар на Серакиб, кој е стратешки важен во деескалациската зона во Идлиб, повторно ги зазедоа четирите села околу центарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Умерените опозициски групи, во рамките на операцијата која ја започнаа против силите на режимот на Асад кои имаат воздушна поддршка од Русија, од утринските часови напредуваат кон центарот на Серакиб, југоисточно од Идлиб.
Вчера, умерените опозициски групи повторно ја презедоа контролата врз селата Миџејзир, Салихије и Афес, а во текот на денешниот ден почнаа да доминираат врз селата Тренбе, Шабур, Дадих и Зекари.
Насилните судири помеѓу умерените опозициски групи и режимските сили продолжуваат. Од друга страна, режимските сили што се концентрираа на јужните региони под Автопатот М4 од утринските часови не можеа да напредуваат.
Умерената опозиција започна операција на оската Серакиб на 20 февруари, каде што се спојуваат автопатите М4 и М5, за да ги вратат населените места кои режимските сили ги заробија јужно од Идлиб. Тие во рамките на операцијата го вратија селото Нејраб под нивна контрола.