Ahmet Dursun
27 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Потпретседателката на Иран задолжена за прашања за жените и семејството, Масуме Ибтикар, е заразена со новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фериба Ибтихаџ, советничката на иранската потпретседателка, во изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА, истакна дека Ибтикар вчера направила тест во врска со коронавирусот, и дека резултатите на овој тест биле позитивни.
Ибтихаџ нагласи дека Ибтикар престојува дома поради заразата.
„Поради можноста на ширење на овој вирус, сите членови на тимот на потпретседателката извршија тестови, но резултатите ќе бидат готови в сабота“, додаде Ибтихаџ.
Од друга страна, Кијануш Џиханпур од иранското Министерство за здравство, во текот на денот истакна дека поради коронавирусот во Иран досега починаа 26 лица, додека бројот на заразени случаи се искачи на 245.