Ekipa
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ИДЛИБ (АА) - Силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговиот поддржувач Русија продолжуваат со копнените и воздушните напади во населените места во деескалациската зона во сириски Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад, со топови, ракети и минофрлачи реализираше напади во областа Кефренбил и во селата Маратирме, Термела и Кебине, кои се наоѓаат во рамките на деескалациската зона во Идлиб.
Претставници на Цивилната заштита на Идлиб (Бели шлемови) истакнаа дека при воздушните и копнените нападите кои започнаа во утринските часови нема загинати затоа што во областа немало цивили. Населението, поради претходните напади ја напуштило областа.
Во информациите на воените опозиционери, кои се базираат на опсерваторијата за воздушен простор, и руските воени авиони ја нападнале областа Кефренбил и селата Маридирме, Нукејир, Џибала, Ум ес-Сајр и Ел Факи во Идлиб и селото Кебине во Латакија.
Во нападите на режимот и Русија од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, досега загинаа повеќе од 1.300 цивили во деескалациската зона во Идлиб.
Од местата каде што нападите се интензивни, во местата кои се релативно потивки, особено во близина на границата со Турција, досега мигрирале 1 милион 42 илјади лица.