Alaattin Doğru
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ДАКАР
Во градот Бафоусам, сместен во северозападниот дел на Камерун, поројните врнежи од дожд предизвикаа свлечишта во кои бројот на загинати се искачи на 42 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, поројните врнежи од дожд во градот Бафоусам предизвикале големо свлечиште во кое со земја беа прекриени 11 куќи, а животот го загубиле уште 22 лица.
Од официјални извори се дознава дека досега во свлечиштата животот го загубиле 42 лица, од кои 26 се деца.
Претставниците на полицијата и противпожарните екипи ги продолжуваат спасувачките операции во регионот.
Властите ја изразија загриженоста од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Претседателот Паул Бија во своето обораќање изјави „Со жалење бев информиран дека голем број наши граѓани ги загубиле животите во свлечиштето што се случи во Бафоусам. Поради овој тажен настан, им изразувам сочувство на семејствата на починатите.“
Во неделата поројните врнежи од дожд во северозападниот дел на Камерун предизвикаа свлечиште кое покри 11 куќи и во тие моменти според првичните проценки бројката на загинати изнесуваше 20 лица.