Ayhan Şimşek
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
БЕРЛИН
Челниците на Германија и Франција изјавија дека Србија и Косово договориле да ги продолжат разговорите за нормализација на односите, кои ги иницираше ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон претседаваа со виртуелната средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Претседателот Вучиќ и премиерот Hoти се согласија да го продолжат дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој е суспендиран од ноември 2018 година“, изјавија Меркел и Макрон во заедничката изјава по видео-конференцијата.
Меркел и Макрон изјавија дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува овој дијалог, со цел нормализација на односите меѓу Србија и Косово, преку сеопфатен, конечен и правно обврзнувачки договор.
Според заедничкото соопштение, српската и косовска делегација ќе ги продолжат преговорите во недела преку видео-конференција, а потоа во четврток двете делегации ќе се состанат во Брисел.
Состанокот ќе го води шефот за надворешна политика на ЕУ, Џозеп Борел, во присуство на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.