Ali Cura
19 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Русија денес започна опсежна воена вежба во која учествуваат стратешките сили, во услови на растечките тензии во источна Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот претседател Владимир Путин даде инструкции за започнување на вежбата и лично го надгледува лансирањето на балистичките ракети во вежбата заедно со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко од Кремљ.
Според руското Министерство за одбрана, во вежбата учествуваат Руските воздухопловни сили, Јужниот воен округ, стратешките ракетни сили и Северната и Црноморската флота.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера предупреди дека Русија е на работ да ја нападне Украина во рок од неколку дена и ја обвини Москва дека создава изговор за нејзините планови за инвазија.
Москва континуирано негира каков било план за напад на Украина и ги обвини западните земји за поткопување на безбедноста на Русија со проширувањето на НАТО кон нејзините граници.
Русија упати и листа на безбедносни барања до Западот, меѓу кои враќање на распоредените војници од некои поранешни советски републики и гаранции дека Украина и Грузија нема да се приклучат на НАТО.