Dmitri Chirciu
01 Јули 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин со индискиот премиер Нарендра Моди разговараше за ситуацијата на глобалниот пазар на храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на палатата Кремљ, Путин остварил телефонски разговор со Моди.
На телефонскиот разговор, Путин, информирајќи го Моди за војната во Украина, нагласил: „Киевската администрација и западните земји следат опасна и провокативна политика за ескалација на кризата и за поткопување на обидите за политичко и дипломатско решение.“
Според соопштението, се разговарало и за состојбата на глобалниот пазар на храна.
Путин, исто така, се осврнал и на „систематските грешки што ги прават некои земји на слободниот пазар на прехранбени производи, посочувајќи дека тие грешки негативно влијаат на енергетскиот пазар“.
Меѓу другото, Путин и Моди, разговарајќи и за односите меѓу Русија и Индија, се согласиле да одржуваат контакти меѓу двете земји на различни нивоа.