Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вети дека неговата влада нема да дозволи Каталонија да се отцепи од остатокот на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Шпанија нема да се подели и единството на земјата ќе се одржи“, изјави премиерот на земјата, Маријано Рахој, во интервју за шпанскиот весник „El Pais“ (Ел Паис).
Шпанскиот премиер истакна дека ќе ги преземе сите мерки предвидени со законот за да ги спречи сепаратистите во регионот.
Според него, ова вклучува разгледување на примената на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој ќе ѝ овозможи на централната власт да ја преземе контролата над управувањето на регионот, доколку регионалната влада не ги почитува обврските од Уставот.
Каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, вети дека ќе прогласи независност на регионот откако 90 отсто од гласачите гласаа „за“ на референдумот што се одржа минатата недела, а кој централната влада во Мадрид го прогласи за неуставен.