Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад и поддржуваните странски терористички групи, и покрај договорот од Сочи, продолжуваат да ги напаѓаат населените места јужно од Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимот и странските терористички групи поддржани од Иран со тешко вооружување ги гранатираат населените места што се наоѓаат во границите на „зоната за намалување на тензиите Идлиб“ формирана според догоорот од Сочи, од која е отстрането тешкото вооружување.
Режимот на Асад и неговите поддржувачи синоќа изведоа топовски напад врз населените места во подрачјето на селата Тух, Сукејк и Теменија и појасот Џерџеназ, јужно од Идлиб, и врз подрачјето Морик и местото Латамне, северно од Хама.
Засега нема информации за евентуални жртви во нападите.
Од потпишувањето на договорот во Сочи на 17 септември досега, во нападите што ги изведоа силите на режимот загинаа 25 цивили, а десетици цивили се ранети.
Додека силите на режимот продолжуваат со своите напади, вооружената опозиција на 10 октомври го повлече тешкото вооружување од назначените области, во согласност со постигнатиот договор од Сочи.