Ali H. M.Abo Rezeg
12 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
АМАН (АА) - Бројот на загнати од поплавите што го погодија Јордан минатата недела се зголеми на 13, соопштија денес јорданските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во Ал Хаидан, во централната покраина Мадаба, е пронајдено тело на дете“, изјави за АА портпаролот на Директоратот за цивилна одбрана на Јордан, Ијад ал Амро.
Тој сепак не даде детали за возраста на детето.
Кралството беше погодено од поројни врнежи од дожд минатата недела, кои предизвикаа поплави во голем број градови во централниот и јужниот дел на Јордан.
Минатиот месец најмалку 21 лице загинаа во големите поплави кои го зафатија западниот регион на Мртвото Море во Јордан.