Burak Karacaoğlu,Mohamad Misto
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ИДЛИБ / ХОМС (АА) - Во Сирија продолжуваат нападите врз териториите на Идлиб и Хомс кои се под контрола на опозицијата. Во нападите кои траеја од синоќа до утринските часови, животот го загубија 11 цивили, а 20 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Цел на нападите беа местата Хан Шејхун, Серакиб, потоа појасите Теманиа, Кејеф Зита и селата Хиш, Латамина, Тел Мердик, Елба, кои се наоѓаат во подрачјето на Идлиб.
Во споменатите локации се изведени најмалку 30 воздушни напади во кои животот го загубија 7 цивили, а ранети се 20. Заедно со овие податоци, во последните 5 дена во Идлиб животот го загубија 42 цивили.
Мустафа Хаџ Јусуф, одговорен за Цивилната заштита на Идлиб, за АА изјави: „Воени аиони изведоа воздушни напади на површина од 100 квадратни километри. Не ја знаеме точната бројка на загинати и ранети. Спасувачките екипи сѐ уште носат ранети. Ранети се и 5 члена на екипите на Цивилната заштита.”
Министертвото за надворешни работи на САД даде писмено соопштението во кое ја искажува својата загриженост поради воздушните напади во кои како цел е земено цивилното население.
Во соопштението се истакнува дека цел на нападите биле и здравствени работници и членови на цивилната заштита, посочувајќи дека нападите се изведени според начинот на кој војува ражимот на Асад и неговиот сојузник Русија.
- Во Хомс исчезнаа 4 цивили
Силите кои го поддржуваат режимот на Асад, во местото Телбисе во Хомс извршија топовско гранатирање во кое животот го загубија 4 цивили.
Централната болница во Телбисе, преку социјалните мрежи информираше дека во нападите животот го загубилле 4 лица, меѓу кои се наоѓа и директорот на националното образование на преодната влада која ја формираше опозицијата. Во информацијата се наведува дека има голем број ранети.
Подрачјето во централниот дел на Сирија, кое се наоѓа северно од Хомс, кое е под контрола на опозицијата веќе 5 години се наоѓа под опсада на силите на режимот.