Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Adham Kako
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
ИДЛИБ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека силите кои му се лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, со поддршка на Русија и Иран убија 411 цивили во акциите изведени на подрачјето на Букемал во сирискиот Деир ез-Зор на ирачката граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите се изведени со цел ослободување на овие сириски територии од членовите на терористичката организација ДЕАШ. Во извештајот се наведува дека за време на акциите на силите на режимот, кои започнаа во септември, животот го загубиле 411 цивили. Во извештајот се наведува дека околу 200.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.
Меѓу загинатите во воздушните акции поддржани од страна на Русија се наоѓаат и 124 деца и 83 жени. Покрај човечките загуби, на подрачјето на Букемал уништени се и повеќе од 20 дневни центри.
Силите на Асад со помош на Русија и Иран во ноември ги ослободија Деир ез-Зор и Букемал, кои од јули 2014 година беа под контрола на ДЕАШ.