Elena Trenchevska Chekovic
20 Октомври 2025•Ажурирај: 22 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Рекордни 2.068 торти се изброени за време на годишниот Пикник за торти што се одржа на Островот на богатството во Сан Франциско, Калифорнија, САД, каде што стотици луѓе се собраа за да ја одбележат својата заедничка љубов кон тортите, јавува Анадолу.
Настанот, познат по тоа што ги зближува ентузијастите за правење слатки, семејствата и пријателите, беа претставени торти од сите видови - од класични пандишпани и чизкејкови до сложени креации.
Организаторите го опишаа собирот како славење на љубителите на „путерот, слатките и заедницата“, истакнувајќи дека Пикникот за торти продолжува да расте секоја година како единствена локална традиција центрирана околу споделување десерти и смеа.