Nilay Kar
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ХАВАНА (АА) - Речиси 87 отсто од Кубанците го одобрија новиот Устав со кој се зацврстува еднопартискиот социјалистички систем и прифаќаат одредени економски и социјални измени, соопшти државниот изборен орган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Историскиот референдум се одржа во неделата, но прелиминарните резултати од гласањето не беа објавени до вчера попладне.
Претседателката на Државната изборна комисија, Алина Балсеиро Гутиерес, на прес-конференцијата во Хавана соопшти дека на референдумот излегле околу 84,4 отсто од гласачите.
Гутиерез истакна дека 86,85 отсто од гласачите го одобриле Уставот, 9 отсто се изјасниле негативно, додека 4,5 отсто оставиле празни гласачки ливчиња.
Претходниот Устав во 1976 година го одобрија над 97 отсто од гласачите.
Комунистичката партија сѐ уште ќе биде единствената политичка партија во земјата, во рамките на новиот систем.
Но новиот Устав ќе ја реструктуира Владата, додавајќи ги функциите премиер и гувернер на провинција и поставување мандат за претседателот.
Покрај измените во Уставот, прифатени се измени и во однос на прифаќањето на приватниот бизнис, паралелно со државниот, странските инвестиции, интернетот, како и родовиот идентитет.