Can Erözden
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Потребен е нов Устав со претседателски систем за создавање на една „нова Турција”, рече денес претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Устав, од кој одредени делови датираат уште од времето на воената власт во раните 1980-ти години, потребно е да се реформира по ноемвриските избори минатата година, на кои Партијата на правдата и развојот (АК Партија) освои парламентарно мнозинство.
Администрацијата направи уставни промени - вклучувајќи ја и промената од парламентарен систем во претседателски модел - што претставуваше стожер на изборната партиска програма.
Иако ги поддржуваат реформите, опозициските партии се против претседателскиот систем, а АК Партијата нема доволно парламентарци за да истурка одредена промена.
„Потребен е нов Устав и претседателски систем за да се изгради една нова Турција”, изјави Ердоган на состанокот на групите на цивилното општество посветен за издејствување на уставните промени.
Тој додаде: „Скоро 300 невладини организации го подржуваат повикот за нов Устав. Верувам дека овој број ќе се зголеми за многу кратко време”.