Ekipa
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Романската погранична полиција откри 48 ирачки државјани скриена во камион кој службено превезувал кутии со чоколади, јавува Anadolu Agency (AA).
Пограничната полиција на дунавското пристаниште Гиургиу на границата со Романија и Бугарија соопшти дека при контрола на каммион, откриле 22 мажи, девет жени и 17 малолетници, сите ирачки граѓани.
Во соопштението на романската погранична полиција се наведува дека камионот го управувал бугарски државјанин. Документите кои ги имал возачот покажале дека превезувал чоколади од бугарија во Унгарија.
Мигрантите и признале на полицијата дека сакале да стигнат до Унгарија, додека возачот во изјавата истакнал дека не бил информиран дека во камионот превезува луѓе.