Recep Şakar
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
МЕЛБУРН (АА) – Група поддржувачи на бегалците во Австралија одржаа контра протест, како одговор на протестот на екстремно десничарите, кои се против одлуката државата да прими 12 илјади бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Екстремно десничарска група во Мелбурн одржа протест, откако почнаа да влегуваат првите бегалци од Сирија во државата.
Протестот беше одржан по населувањето на 120 бегалци во центарот за стари лица, кој одамна не се користи во населбата Елтхам во Мелбурн. Подржувачите на бегалците реагираа на овој протест.
Во утринските часови групата поддржувачи почнаа да се собираат на плоштадот во населбата, носејќи транспаренти на кои пишува: „Добредојдовте бегалци“ и „ Елтхам вели ’да’ за бегалците“. Тие својот протест го продолжија марширајќи кон центарот за стари лица.
Од друга страна пак, групите кои се против бегалците се собраа во еден парк каде одржаа говори против муслиманството и бегалците, а носеа транспаренти на кои се испишани разни пароли како: „Или ја сакај Австралија, или напушти ја“, „Не сакаме бегалци во Eltham“ и „Не сакаме муслимани бегалци“.
Протестите, кои траеја 4 часа беа под силно полициско обезбедување и завршија без инциденти .
Федералната влада на Австралија во Септември 2015 објави дека, ќе прими 12 илјади бегалци од Сирија.
Откако почнаа да доаѓаат бегалци од камповите од Јордан и Турција, во државата екстремно десничарските политичари и групи почнаа да реагираат.
Од друга страна мнозинството во Австралија ја поддржуваат одлуката за примање на бегалците во државата.