Ekip
14 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
БУКУРЕШТ
Романскиот претседател Клаус Јоханис најави дека од утре ќе се укине обврската за носење маски на отворено, освен на пазарите и станиците за јавен превоз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција што се одржа вчера во палатата Котрочени, Јоханис изјави дека полицискиот час воведен поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ќе биде укинат од утре, а сите продавници и работни места ќе се вратат на вообичаеното работно време.
Изјавувајќи дека свадбите и другите групни настани ќе можат да се организираат со најмногу 70 лица на отворено и со најмногу 50 лица во затворени простории почнувајќи од 1 јуни, Јоханис истакна дека не сакаат поради релаксирањето на состојбата во јуни, повторно да доживеат затворање во август, па затоа можно е да бидат донесени нови одлуки за наесен, врз основа на стапката на заразување.
Во Романија, бројот на новозаразени во последното деноноќие изнесува 835, а во земјата со популација од 19,5 милиони жители, досега вакцина за Ковид-19 примија вкупно 3.800.000 луѓе.