Elena Teslova
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
МОСКВА
По вчерашниот мал пад на бројот на заразени, денешната бројка на нови случаи на заразување во Русија е повторно во пораст, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руските власти во текот на изминатите 24 часа потврдија 5.849 нови случаи на заразување, речиси половина - 2.697 или 46,1 отсто дијагностицирани пациенти со Ковид-19 кои не пројавувале симптоми.
Вкупно 68.622 лица во Русија се заразени со Ковид-19, кој се прошири во сите 85 региони на земјата.
Откако вирусот од вчера одзеде 60 животи, вкупната бројка на починати се искачи на 615.
Бројот на излекувани изнесува 5.568, додека 50.000 се лекуваат во болница.
Москва останува најпогоден град со речиси 3.000 случаи, а нејзиниот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека градот не е дури ни до половина во надминување на пандемијата.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,7 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 191.000.